Општински натпревар по сообраќај

Министерството за образование и наука и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот низ различни форми на сообраќајно виоспитна и пропагандна дејност посветуваат големо внимание на едукацијата на учениците за сообраќајот и безбедноста на учесниците во него.

И оваа година Советот за безбедност  продолжува да ја спроведува сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор со учениците од основните училишта.

По одржаните училишни натпревари победничките екипи од ООУ Илинден -Крива Паланка, ООУ Јоаким Крчовски- Крива Паланка и ООУ Х.Т.Карпош-Ранковце на ден 11.04.2012 година учествуваа на општинскиот натпревар кој се одржа во општина Крива Паланка.

На одржаниот општински натпревар во екипна конкуренција

Првото место припадна на ООУ Илинден,

Второ место на ООУ Јоаким Крчовски и

Трето место на ООУ Х.Т.Карпош

Во поединечна конкуренција:

машки IV, V, VI одделение

Прво место Методиј Ангеловски ООУ Илинден

Второ место Адам Граматиков ООУ Илинден

Трето место Кристијан Младеновски ООУ Јоаким Крчовски

женски IV, V, VI одделение

Прво место Марија Јакимовска ООУ Илинден

Второ место Анастасија Јовановска ООУ Илинден

Трето место Наташа Тошевска ООУ Јоаким Крчовски

заедно (машки, женски) VII, VIII одделение

Прво место Христијан Стевановски ООУ Илинден

Второ место Марија Коцевска ООУ Илинден

Трето место Никола Младеновски ООУ Јоаким Крчовски

На сите учесници  и на прво наградените им честитаме за учеството на натпреварот и за освоените награди.

Големина на фонт
Контраст