КУД „8 Октомври“ на фестивалот „Самбревил 2012“

КУД „8 Октомври“ кое работи во состав на Националната установа – Центар за култура од Крива Паланка, учествува на  Меѓународниот фолклорен фестивал „Самбревил 2012 година“ во Самбревил, Белгија. На овој реномиран фолклорен фестивал КУД „8 Октомври“ ќе се претстави со изворни песни, ора и обичаи како од кривопаланечкиот крај така и од другите делови на Македонија.

На фестивалот присуствува и делегација од Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Арсенчо Алексовски, кои во рамките на посетата ќе остварат средба со своите колеги од Самбервил.

Инаку Крива Паланка и Самбервил на  01.09.2011 година потпишаа  Меморандум за соработка кој е дел од постапката за збратимување на двата града.

Големина на фонт
Контраст