Градоначалникот во посета на здравствениот дом

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски,  на 5 aприл присуствуваше на стучниот колегиум во проширен состав на ЈЗУ Здравствен Дом „Проф. Др. Димитар Арсов“. Дневен ред на колегиумот беше разгледување на актуелните и тековните проблеми во оваа здравствена установа.

На состанокот беа истакнати повеќе проблеми со кои се соочува оваа здравствена установа меѓу кои како најургентен е проблемот со Итната помош. За нормално функционирање на оваа служба се потребни пет доктори и пет медицински сестри, а во моментот поради отсипување на кадарот, т.е двајца доктори ја имаат напуштено работата од итната помош, додека двајца доктори подготвуваат специјалистички испит, се појави проблем за нормално функционирање на итната помош. Беше потенцирано дека ваквата состојба во најскоро време ќе биде надмината бидејќи се одобрени вработувања на 3 доктори, меѓутоа во вакуум просторот додека трае постапката за вработување потребно е да се најде соодветно решение за функционирање на оваа служба. Покрај овој беа изнесени и други проблеми за кои од страна на стручникот колегиум едногласно беа донесени соодветни одлуки за нивно решавање.

Градоначалникот Арсенчо Алексовски ги поздрави присутните и изрази благодарност за поканата упатена до него за присуство на овој колегиум. По запознавањето со проблемите со кои се соочува Здравствениот дом, за кои истакна дека не се само проблеми на лекарите туку и на самите граѓани, градоначалникот нагласи дека ќе продолжи со посредувањето и заложбите за надминување на истите, како и дека веднаш ќе оствари контакт со надлежните институции односно Министерството за здравство како и со Фондот за здравство и ќе интервенира за што побрзо решавање на настаната ситуција.

Во насока на подобрување на состојбата за давање на здравствени гинеколошки услуги на територијата на општината истакна дека е  надминат долгогодишниот проблем во оваа сфера на здравството и дека во најскоро време ќе биде потпишан договор за 24 часовно пружање на овие услуги.  Исто така,  градоначалникот Алексовски напомена дека се во тек преговори со центарот  за слух и слушни апратати АКУС МЕДИКУС односно Др.Туџарева и Др. Караџинов за отоворање на амбуланта за уво нос и грло.

Градоначалникот изрази задоволство за започнатата реконструкција во вредност од 350.000 евра наменета за замена на столаријата, кровната конструкција и на санитарните јазли и информира дека за подобрување на условите за функционирање на Здравствениот дом од страна на општината се обезбедени 10 канделабри, донација од Скопска Пивара, кои ќе бидат поставени во најскоро време.

Воедно ја искористи оваа прилика да им го честита 7 Април – Ден на здравството на сите здравствени работници како од јавниот така и од приватниот сектор.

 

Големина на фонт
Контраст