Градоначалникот на Дупница во посета на Општина Крива Паланка

Во понеделник на 26 март 2012 година беше остварена прва официјална посета на Општина Крива Паланка од страна на новиот градоначалник на Општина Дупница, г-дин Методи Чимев, замениците градоначалници Крум Милев за социјални прашања, Красимир Георгиев задолжен за европски фондови и регионален развој,   како и тимот вклучен  во имплементација на проектите од ИПА програмата за прекугранична соработка.

Целта на посетата беше запознавање со напредокот на имплементацијата на проектите од ИПА програмата за прекугранична соработка, кои се имплементираат во партнерство помеѓу Општина Крива Паланка и Општина Дупница, Р.Бугарија .

 

На средбата исто така беше разговарано и за други можности и области за соработка и размена на искуства, се во функција на продлабочување на плодната соработка.

Големина на фонт
Контраст