Посета од Министерството за локална самоуправа

Заменик министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски и државниот секретар на Министерството за локална самоуправа Сашо Стефановски на 07.03.2012 г. ја посетија  Општина Крива Паланка.

Делегацијата од Министерството за локална самоуправа, во рамки на посетата, најпрвин оствари состанок со Градоначалникот на општината Арсенчо Алексовски. На состанокот се разговараше за различни прашања, реализацијата на општинските проекти и можностите за развој, а се дискутираше и за можните начини за надминување на проблемите кои ја засегаат општината.

Од страна на Градоначалникот беа презентирани проектите кои општината ги реализира преку ИПА Програмата за прекугранична соработка и тоа:  „Туризам без граници“, кој предвидува поставување на електронски информативни портали за да можат туристите односно посетителите полесно да се ориентираат и да ги пронајдат туристичките локалитети, “Културното наследство-мост кон заедничката иднина”, кој предвидува формирање на Центар за културно и историско наследство, организирање на заедничка изложба и работилница за обновување на занаетите, преку партерно уредување на поранешниот Дом на АРМ и внатрешно  уредување на објектот, проектот „Под едно небо“,  кој предвидува асфалтирање на локалениот пат до испосницата на “Св.Јоаким Осоговски” во с.Градец, партерно уредување на локалитетот и изработка на Географски информациски систем за сакралното наследство.

Беше извршена и посета на дел од локациите за реализација на споменатите проекти и запознавање со работите кои се изведуваат, а во кратката прошетка низ центарот на градот беа остварени и контакти со граѓаните.

Воедно беше посетена и Локалната установа – Градски музеј во Крива Паланка, каде имаа можност  да ја погледнат постојаната историска поставка и староградската етно поставка.

Делегацијата исто така го посети и манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ за кој со нескриено задоволство истакнаа дека е едно од најубавите  места во Република Македонија кои треба да се посетат.

 

Големина на фонт
Контраст