КК„Шампион“ ја започна сезоната со медали

На државното првенство за кадети и јуниори што се одржа изминатиот викенд во Тетово, натпрварувачите од Карате клубот „Шампион“ постигнаа одлични резултати. Во категоријата деца родени 2000-2001, борби над 35 килограми, нашиот натпреварувач Христијан Димитријевски стана државен првак освојувајќи го првото место.

Марија Спасовска  го освои третото место во категорија  женски родени 1998 година, над 47 килограми.

Со овие постигнати резултати тие изборија  место во државната репрезентација за настап на Балканското првенство во Херцег Нови , Република Црна Гора, што ќе се одржи од 16-18 март 2012 година.

Големина на фонт
Контраст