Прием во чест на успесите на младите музичари од ООУ„Јоаким Крчовски“

Градоначалникот Мицевски денес  организираше прием за  учениците од Основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“од Крива Паланка, кои ја освоија првта награда на XXVIII Меѓународен фестивал на уметноста „Утринска ѕвезда“, што се одржа викендов во Банско, Република Бугарија.

Вкупно четириесет ученици од трето до деветто одделение беа учесници на овој престижен фестивал на уметноста, предводени од нивние ментори проф. Лариса Жулина-Митовски, проф. Александар Тренчовски, проф. Марија Смиљков и проф. Дејан Ангеловски од ООУ„Јоаким Крчовски“.

Градоначалникот Мицевски изрази големо задоволство и радост за успехот на младите музичари, нивните ментори и родители.

Многубројните ваши успеси, награди и највисоки признанија на меѓународен план, ни зборуваат за една одлична стратегија, начин и план за заедничката соработка и поддршка од општината. Креативниот тим на менторите и заедничкиот вложен труд и огромниот талент на учениците, како и поддршката од страна на директорот на ООУ„Јоаким Крчовски“ и Општината,  дадоа одлични резултати со кои сите заеднички се гордееме и радуваме, изјави во оваа пригода градоначалникот Мицевски.