Започна реновирање на Вавилон центарот

По одлуката за доделување на користење на зградата на Вавилон центарот од Општина Крива Паланка на ИОНаум Наумовски Борче, а во согласност со проектот финансиран од страна на Мировниот корпус, започнаа активностите за реновирање на објектот. Со проектот е опфатено внатрешното реновирање и уредувањето на дворното место.

 

Во тек се активностите за отстранување на подната површина, по што ќе следи бетонирање. 

Општината ќе обезбеди тули за надворешните ѕидови со што ќе се исполнат условите за енергетска ефикасност.

 

 

 

 

Средствата во висина од 4.000 долари се наменети за набавка на материјални, а сите останати активности поврзани со реновирањето ќе се извршат од извидниците, нивните родители и заедницата на волонтерска основа.

Големина на фонт
Контраст