Презентирана програмата „Европа за граѓаните“

На 29 февруари во просториите на Општина Крива Паланка од 12 до 13 часот  се одржи промоција на Програмата на Европската Унија Европа за граѓаните, во соработка со Информативниот центар на Делегацијата на Ев­ропската Унија и информативната мрежа за ЕУ.  

Настанот го отвори претседателот на Совет на Општина Крива Паланка, д-р Милка Митовска, која ја истакна потребата од поголема информираност на граѓаните за можностите кои ги нудат програмите на ЕУ како и потребата за вклучување на пошироката заедница во искористување на достапните фондови во насока на размена на искустава и подобрување на квалитетот на живеење.

Презентацијата ја водеше г-ѓа Анета Трпевска, Контакт точката за Програмата при Министерството за об­ра­зо­вание и наука.

 
Во рамките на презентацијата  присутните претставници на Општината, локалните институции и невладини организации беа запознати  со различните видови поддршка што ги обезбедува Програмата, а подетално беа  презентирани можностите за организирање состаноци на збратимени градови, преку Акцијата за подршка на активности во кои се вклучени граѓаните со кои се обезбедува зближување на луѓето од општините ширум Европа и размена на мислења, искуства и вредности.
 
Присутните имаа можност да постават прашања за одредени аспекти на Програмата, а беше нагласена и потребата за организирање на обуки за специфичните програми на ЕУ како и размена на конкретни искуства со останатите општини и невладини организации. 
Големина на фонт
Контраст