Положено свежо цвеќе пред бистата на Миле Крстевски

Делегација на Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Арсенчо Алексовски и Претседателот на Советот на Општина Крива Паланка др. Милка Митовска, положи свежо цвеќе пред спомен бистата на дипломатот Миле Крстевски, по повод осум години од трагичното загинување.

 

Свежо цвеќе беше положено и од страна на роднините на дипломатот Миле Крстевски кој трагично загина во авионската несреќа која се случи на 26 февруари 2004 година во близина на градот Мостар – Р. Босна и Херцеговина. Тој патуваше на Меѓународната конференција како претставник од Министерството за надворешни работи во  делегацијата на Претседателот на Р. Македонија Борис Трајковски.

Во оваа несреќа покрај Претседателот Борис Трајковски и дипломатот Миле Крстевски трагично го загубија животот, Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

 

 

Големина на фонт
Контраст