Општината подготвува Програма за енергетска ефикасност

Согласно одредбите од Законот за енергетика,  потребно е  општината да изготват тригодишна Програма за енергетска ефикасност во ообјектите кои се во сопственост или се на користење на институциите од Локалната самоуправа.

Општина Крива Паланка, постапувајќи согласно оваа регулатива започна со процесот на подготовка на Програмата за енергетска ефикасност. Направен е тим за припрема, составен од членови кои се вработени во образовните институции и локалната самоуправа, кој ќе биде одговорен за подготовка  и обработка на податоците за потрошувачката на електрична енергија и имплементација на мерките во сопствените институции.

Изготвувач на програмата ќе биде консултантската куќа ТИМЕЛ ПРОЕКТ од Скопје, избрана со процес на Јавна набавка. Програмата ќе се изготвува во периодот што следи, а ќе биде со важност  од 2012 до 2015 година.

Големина на фонт
Контраст