Помош за 30 семејства во Кривопаланечко

Единицата за одговор при катастрофи при Црвениот крст на РМ обезбеди помош за 30 семејства од 5 кривопаланечки села, кои останаа отсечени и завеани поради снежното невреме. Помош во храна, хигиенски средства, кебиња и друго им беше доставена на жителите од селата Луке, Подржикоњ, Добровница, Крстов Дол и Киселица, кои поради непроодните патишта останаа без резерви од основните потребни продукти. Хуманитарните пакети им беа поделени на најзагрозените семејства, според оценката за ранливост од ООЦК Крива Паланка, во соработка со локалната самоуправа и Центарот за социјални работи.

Единицата, преводена од координаторот на програмата за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи при ЦК на РМ, Али Самет, лично ги подели  месечните пакети со кои населението од планинските населби не беше во можност да се снабди поради настанатата состојба со завеаните и непроодни патишта.  Најголем дел од семејствата се социјалци, а нивните деца пешачат со километри до училиштата, како и стари и изнемоштени лица. Во транспортот на хуманитарната помош, покрај волонтерите од ООЦК од Крива Паланка, присуствуваа и претставници од нашата општина и од Подрачната единица на Центарот за управување со кризи.

Помошта се доставува до населението од критичните населби, според подготвен план, во соработка со Координативното тело при Владата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Секојдневно се анализира состојбата и се  доставува  куманитарната помош, а Единицата е добро обучена и подготвена и успева да стигне до завеаните и отсечени села.

Средствата се обезбедени од итниот фонд на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената месечина.Единицата дејствува на подрачјето на целата земја, каде е таргетирана група од над 150 села со 3000 жители на кои им се доставува неопходната помош.

 

Големина на фонт
Контраст