Состанок со граѓаните – водоснабдителен систем Висока зона (лев брег)

На 22.02.2012 година во големата сала при Општината Крива Паланка, во насока на зголемување на транспарентноста и учеството на јавноста во донесувањето на одлуките, се одржа состанок во врска со изградбата на водоснабдителниот систем Висока зона – Лев брег.

Градоначалникот Арсенчо Алексовски даде воведно излагање на состанокот на кој присуствуваа претставници на администрацијата на Општина Крива Паланка, Раководителот и претставници од Управата за имотно правни работи подрачно одделение Крива Паланка, Раководителот и претствници од Агенцијата за катастар на недвижности и граѓаните низ чии имоти ќе поминува трасата на водоводот. Тој нагласи дека за општина Крива Паланка од Владата на Р. Македонија се предвидени 1.260.209 евра од Европската банка за обнова и развој, наменети за изградба на водоснабдителни и канализациони системи, меѓутоа во рамките на истите не се предвидени средства за експропријација.

Како еден од понзачајните проектите со кои општината ќе аплицира е изградбата на  водоснабдителниот систем Висока зона – Лев брег со примарна и секундарна мрежа, за чија изградба се предвидени околу 30 милини денари.

Со оваа активност Општината во соработка со Владата на Р. Македонија ги остварува заложбите за подобра испорака на јавните услуги со оглед дека со изградбата на овој водоснабдителен систем во голема мера се решава водснабдувањето во општината.

Покрај овие напори, неопходно е од страна на сопствениците на земјиштето да се даде придонес во реализација на проектот. Бидејќи со апликацијата е потребно да бидат приложени имотни листови каде стои дека земјиштето е запишано на име на Р. Македонија, односно на општината или да постои конечно решение за експропријација, придонесот на населението ќе се состои во тоа што на земјиштето каде ќе поминува водоводот ќе биде дозволено вршење на работите (времена службеност), односно ќе биде преотстапено без надоместок и запишано во катастарот на име на општината во делот каде се предвидени шахти.

Од страна на сопствениците на имоти беше истакнато задоволството и согласноста за изградбата на овој водоснабдителен систем.

Исто така на присутните од страна на Управата за имотно правни работи и Агенцијата за катастар на недвижности им беше појаснета постапката за експропријацијата и запишувањето на правата на недвижностите, а беше извршен и увид во проектот за местата каде ќе поминува трасата на водоводот.
Големина на фонт
Контраст