Трет Форум на иновативни наставници

Наставниците од основните општински училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ и оваа година ќе учествуваат на натпреварот Форум на иновативни наставници, од прoграмата на Мајкрософт „Партнери во учењето“. Темата на овогодинешниот натпревар е „Подобрување на процесот на учење и предавање со ефективно користење на технологијата во училницата и надвор од неа.“

Овој Форум на иновативни наставници има за цел да ги охрабри наставниците да воведуваат нови пристапи и поактивно да ги користат новите технологии во образовниот процес со што на учениците полесно и „поприродно“ ќе им ги наметнат истите и ќе ги оспособат да работат со нив.

Проектот со кој ќе се учествува, пред се треба да биде иновативен и оригинален и да може да се опише најмалку со една од овие карактеристики:

  • Учење надвор од училница
  • Напредна употреба на Microsoft апликациите и алатките
  •  Колаборација помеѓу сите вклучени во проектот и надворешни лица
  • Градење бази на знаења и критичко размислување

Ова е трет Форум на иновативни наставници организиран од Мајкрософт во Р. Македонија. Наставниците од подрачното училиште „Илинден“ од с.Конопница  беа дел од тимот кој со проектот „Бабини игри“ постигна голем успех на претходниот форум освојувајќи  Гранд при награда на натпреварот во Москва и  втората наградата во категоријата „Избор на наставниците“ во Вашингтон. 

Големина на фонт
Контраст