Армиски хелкоптер достави помош за жителите на с. Дренак

На 14.02.2012, со подобрување на временските услови, со армиски хеликоптер беше доставена храна до с. Дренак кое е отсечено од градот уште со првите врнежи на снег.Ова село е едно од најодалечените и најтешко пристапни места во општина Крива Паланка, а поради обилните врнежи на снег и снежните наноси не можат да пријдат ниту теренски возила.

Во армискиот хеликоптер покрај храна, хигиенски средства, лекови обезбедени од стоковните резерви и резервите на одбраната наменети за ова село од страна на државата, од Општината Крива Паланка, согласно потребите на населението, беа обезбеди прехрабени и други артикли кои на градскиот стадион беа натоварени во армискиот хеликоптер кој изврши дотур до жителите.

Општината во соработка и координација со Дирекцијата за заштита и спасување активира градежни машини кои ќе бидат дополнително вклучени во расчистување на локалните патишта за места кои се отсечени од комуникација.

Доколку не се успее со расчистувањето на снегот до одредени тешко пристапни региони постои можност и до овие места да биде доставена помош со хеликоптер.

Големина на фонт
Контраст