Администарцијата во акција за чистење на снег

Во расчистувањето на снегот во општината Крива Паланка, покрај мобилните екипи на ЈКП „Комуналец“ активно се вклучија и вработените во општинската администрација. Во работната акција беше исчистен просторот пред Општината, околните пристапи и паркингот каде што се паркираат возилата од администрацијата.

 
Општина Крива Паланка апелира до граѓаните активно да се вклучат во расчистувањето на снегот пред своите домови и дуќани како и да ги отстранат возилата од пристапните улици за да може непречено да се движат возилата за расчистување на снегот од коловозот.
 
 
 
Големина на фонт
Контраст