Крива Паланка дел од РОУО

Советот на Општина Крива Паланка на седницата одржана на 27.01.2012 даде согласност за склучување договор за соработка за формирање регионален одбор за управување со отпад (РОУО) во Североисточниот плански регион кој ги опфаќа општините Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Формирањето на РОУО ќе им овозможи на  општините од СИПР во иднина да остваруваат соработка за регионално интегрирано управување со отпадот, усвојување статут, решавање инвестициски прашања, организирање набавки и избор на добавувачи, градители и оператори на регионалниот систем на депонија за цврст отпад.
Големина на фонт
Контраст