Проект за превенција од рано стапување во брак

Општина Крива Паланка доби финансиски средства од Европската Унија за имплементација на проектот „Подигање на свеста кај ромската етничка заедница од областа на здравството во делот едукација за превенција од рано стапување во брак“.

Проектот ќе овозможи  едуцирање на  30 лица од ромската етничка заедница на возраст од 13-17 години против раното стапување во брак.  Проектот се совпаѓа со приоритетите и мерките од Акциониот план за имплементација на Декадата на Ромите во Крива Паланка за период 2011-2013.

За период од 4 месеци ќе се организираат 4 еднодневни работилници, а ќе бидат изработени и информативни брошури од областа на здравството во делот превенција од рано стапување во брак.

Во имплементацијата на проектот покрај Општина Крива Паланка како носител ќе бидат вклучени и Здравствениот дом „Проф.д-р Димитар Арсов“ како и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Припадниците на ромската етничка заедница ќе бидат вклучени во сите чекори на спроведување на проектните активности преку работниот тим, учество на работилниците како и учество на јавните настани за промоција на проектот. 

Големина на фонт
Контраст