Отсечени дел од планинските села во Кривопаланечко

Општина Крива Паланка преку надлежните служби вложува огромни напори да се справи со исклучително лошата состојба на патиштата во ридско-планинските предели после обилните врнежи од снег. И покрај тоа дел од селата во високите реони се комплетно одсечени и изолирани поради големи наноси на патиштата.

Бидејки материјално-техничките средства и финансиските можности на Општината се ограничени, а се најавуваат нови врнежи од снег, Општината се обрати за помош до другите надлежни државни институции, односно Владата на РМ, Дирекцијата за заштита и спасување како и Центарот за справување со кризи. Се очекува во рамките на своите можности и надлежности овие институции да помогнат за надминување на критичната состојба.

Големина на фонт
Контраст