Започна нумерирање на објектите

Општина Крива Паланка започна со нумерирање на објектите согласно Законот за дополнување на законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти (Сл. весник на РМ бр.136/2011).Согласно член 17 од наведениот закон сите објекти во градот кои се означени со букви (бб) ќе добијат соодветен број.

Најпрвин ќе се направи ажурирање на постоечките броеви од уличните системи во градот, а потоа во втората фаза се очекува набавка и поставување на таблички на објектите.

Големина на фонт
Контраст