Интерно професионално усовршување во ученичкиот дом „Боро Менков’

Во рамките на планот за интерно професионално усовршување на воспитен кадар во Општински ученички дом „Боро Менков“ од Крива Паланка на 20.01.2012 година се одржа работилница на тема „Изработка на ученички проекти преку СИВАП методологија“.

За изведување на педагошко инструктивната работа на директорката Валентина Јовевска во годишната програма беа предвидени неколку работилници на актуелни теми од потребата на домот како воспитно образовна организација. Како едукатор на работилницата таа ги изложи целите на работилницата за воспитувачите во домот да стекнат знаења и вештини за водење на работилници со учениците во изработка на ученички проекти.
 
Во домот веќе започна ученичкиот проект за претприемништво и за таа цел воспоставени се контакти со ученички домови од Куманово и Скопје. Со оваа работилница се очекува да се продолжи проектот со повеќе активности на децата и тоа истражувања, изработка на планови за акција, презентации на комјутер, изработка на паноа и книга на проект и претставување на проектот во локалната средина.
 

СИВАП методологијата ја дава вистинската насока за работа и тоа низ фазите: С – селекција, на проблем, прашање или бизнис кој учениците имаат желба да го проучуваат, да добијат одговори или да направат промени во домската средина, И – истражување, изработка на план на истражување и тоа зошто, кој, како и кога ќе истражува и потоа истражување на разни извори, В – визија, пауза по истражувачката фаза каде учениците преку слика, збор, музика или движење замислуваат идеален бизнис, А – акција, подготовка на акционен план како би изгледал бизнисот кој би сакале да го работат и како истиот да го претстават на локалната средина. Последната фаза, П – промена, ќе означи кои промени се случиле кај субјектите во домот со изработката на проектот, кои знаења, вештини, чувства, идеи, креации и изработки на учениците можат да се видат.
 
Се очекува со ваквиот пристап во работата со учениците, кративни и иновативни работилници за корисно и интересно користење на слободното време, да се подобри соработката меѓу децата, да се зголеми толеранцијата и одговорноста, да се намалат конфликтните однесувања, во исто време да се подобри успехот во училиште и на крајот професионално да се ориентираат учениците кон оние професии и занимања кои се потребни во нашата средина.
Големина на фонт
Контраст