Во тек е имплементацијата на три проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка

Во Општина Крива Паланка во тек е имплементацијата на три проекти од ИПА Програмата за прекуграничка соработка со Р.Бугарија.

Проектот „Под едно небо“, кој се имплементира во партнерство со општина Дупница од Р.Бугарија, опфаќа асфалтирање на  пат во должина од 1км и пробивање и тампонирање на  пат во должина од 980 м кон испосницата на Свети Јоаким Осоговски во с.Градец, партерно уредување на локацијата на испосницата со трем, амфи-театар, пристап и заштита на испосничката карпа како и  имплементација на географски-информациски систем за сакралното наследство на општините Крива Паланка и Дупница.

Со општина Дупница исто така се имплементира и проектот „Културно наследство- мост кон заедничка иднина“ со кој е предвидено формирање и опремување на Центар за културно и историско наследство во Крива Паланка,  оформување на соодветен изложбен простор за поставување на првата археолошка поставка, изработка и издавање на книга за старите  занети во регионот на Општините Дупница и Крива Паланка,  организирање на заеднички културни работилници и изложби за студенти од двете општини  и партерно уредување на дворот од објектот во простор за рекреација со фонтана и детско игралиште.

Проектот „Туризам без граници“ предвидува  развој и имплементација на електронски платформи – 8 инфо-терминали, поставен во Ќустендил, Штип и Крива Паланка, поврзани во мрежа од страна на специјализиран софтвер. Инфо-терминалите ќе овозможат лесно пребарување (со екран осетлив на допир) на информации за туристичките знаменитости во регионот како и на достапната туристичка инфраструктура (ресторани, хотели, одмаралишта, …).

Големина на фонт
Контраст