Одржана манифестацијата Пивтијада 2012

По повод чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – ВОДИЦИ, Општина Крива Паланка по трет пат ја организираше манифестацијата „ПИВТИЈАДА 2012”. Настанот  се одржа на 19.01.2012 година на плоштадот во Крива Паланка, по завршување на церемонијата на фрлање на крстот во водите на Крива Река. Граѓаните имаа можност да ги вкусат пивтиите припремени во кујната на Домот за ученици “Боро Менков“, под надзор на искусни готвачи.

 

Големина на фонт
Контраст