Проодност на локални патни правци и улици

Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура ги информира граѓаните дека  сите улици во градот се проодни, а сообраќајот се одвива во зимски услови. Потребно е граѓаните да ги отстранат возилата од коловозот за да може чистењето да се одвива непречено.  Имајќи ги во предвид најавите за претстојните врнежи од снег, на некои локации во градот ќе биде оставена ризла и сол  за да можат граѓаните навремено сами да интервенираат.

Чистење на локалните  патни правци на подрачјето на Општината  се врши отежнато поради големите наноси на снег поради што се ангажира и градежна механизација. 

Во тек е чистење на патниот правец с.Огут-с.Нерав, каде снежните наноси достигнуваат и до 1,5 метри,  и се очекува  во текот на денот патот да  биде прооден за моторни возила.

Потоа, ќе се пристапи кон чистење на патниот правец с.Варовиште – Калин Камен, кон с. Подржи Коњ, с.Дрење, с.Киселица и локалниот пат с.Дурачка Река – с.Дренак за кој ќе биде потребно подолго време бидејќи се работи за земјен коловоз.

Големина на фонт
Контраст