Промовирано здружението за бавна храна во ПООУ Илинден во с.Мождивњак

Во ПООУ Илинден во с.Мождивњак воспотно-образовната работа се реализира преку најразновидни активности во кои доаѓа до израз умешноста, способноста и креативноста на учениците. На 27 декември 2011 г. во просториите на ова училиште се одржа собир  – спој помеѓу образованитето, локалната власт, месното население, бизнис секторот и регионот.

Презентација на природното богатство од Осоговието пред учениците, родителите и гостите од ООУ Никола Карев од Пробиштип, изнесе Деспина Китановска раководител на проектот на Македонско еколошко друштво од Скопје . Д-р Никола Јорданов – нутриционист го збогати собирот со своите видувања и совети за еколошка и здрава храна и здрав живот.

Како круна на оваа манифестација беше промовирањето на SLOW FOOD(бавна храна) ОСОГОВО – Пробиштип Регионално здружение, членка на меѓународното здружение SLOW FOOD со интернационала во Италија. Конституирано е членство со подружница на ова здржение на ниво на општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст