Градоначалникот ги посети дежурните служби на новогодишната ноќ

На ден 31.12.2011 (сабота) во пресрет на новогодишната ноќ Градоначалникот Арсенчо Алексовски ги посети дежурните одделенија на институциите кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните и притоа  се информираше за подготовките кои овие служби ги имаат направено за да помине се во најдобар ред на пречекот на Новата година и во текот на празничните денови.

Притоа, Градоначалникот од името на сите граѓани на Општината им ги честиташе предстојните празници на вработените во овие служби и им подари кафемати кои ќе им бидат добродојдените на сите дежурни во ноќните смени.

Големина на фонт
Контраст