Општина Крива Паланка повторно е дел од регионалниот проект „Спорт за сите“

Општина Крива Паланка  повторно е избрана за соработка во спроведување на регионалниот проект на Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ во наредната година.

Денеска во работна посета на Општина Крива Паланка беше претставник од Министерството за економија и развој на Германија, г.Симон Хеинкеле, заедно со претставници на ТАКТ и Кошаркарски клуб Крива Паланка.

Повод за оваа посета беше успешната реализација на регионалниот проект „Спорт за сите“, кој се имлементираше во Крива Паланка, со финасиска поддршка од Министерството за економија и развој на Германија, а го спроведоа Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ со ГИЗ-Северна Македонија и Здружението за унапредување на меѓусебната доверба-ТАКТ, во соработка со локалното партнерство -Спорт за развој  од Крива Паланка и Општина Крива Паланка.

На состанокот, г. Симон Хеинкеле имаше можност да се запознае подетално со сите партнери во проектот и нивните заеднички активностите кои беа спроведени, како и да ги слушне искуствата од досегашната соработка на сите учесници во проектот.  На  средбата се разговараше и за можностите за идната соработка на општината со ГИЗ и ТАКТ, како и за конкретни активности во насока на социјална инклузија на младите од руралните средини и маргинализираните групи на млади, предизвиците во сферата на спортот и начинот на кој оптиштината се справува со нив.

Во рамки на денешната посета на општина Крива Паланка г. Симон Хеинкеле ќе присуствува и на тренинг од програмата „Спорт за развој“, кој ќе се одвива во просториите на ученичкиот дом Боро Менков, а ќе го спроведат младите локални лидери и обучените локални инструктори од истата програма.

-Можам да кажам дека со реализацијата на заедничкиот проект „Спот за сите“ направивме една успешна приказна со видлив напредок во сегментот на социјална инклузија на децата од ромската етничка заедница, маргинализираните групи на млади и децата од руралните средини и се надевам дека нашето позитивно искуство во имплементацијата на овој проект ќе ни даде импут за да продолжиме и во наредниот период со уште поголем мотив за подобри резултати и заеднички успеси во насока на користење на спортот како алатка за поттикнување развој кај младите од општината, изјави градоначалникот Мицевски пред присутните гости и воедно се заблагодари за подршката на Министерството за економија и развој на Германија, како и на соработниците од ТАКТ и ГИЗ и локалното партнерство -Спорт за развој  од Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст