ЕКО активности по повод 60 години од постоење на СОУ Ѓорче Петров

По повод  60 години од постоење на СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка, а во рамки на ЕКО активностите што ги спроведува училиштето за почиста животна средина се спроведе акцијата на засадување на 60 зимзелени дрвца  на три локации и тоа во училишниот двор, на обиколницата кај Осички Мост и кај тениското игралиште.

Во акцијата се вклучи и  градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Дрвца посадија и директорката на училиштетето, како и поранешни директори, членови на Училишен одбор, претседатели на активи, претседател на Совет на родители, претседател на училишна заедница и вработени од училиштето.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст