Оддржан oтворен ден на кик-боксот во организација на КБК „Патриот спорт“

Кик-бокс клубот „Патриот спорт“, во рамките на проектот ,,Создаваме трајни вредности“ ја реализираше активноста- Отворен ден на кик-боксот, каде учениците од  основно и средно образование, како и сите други млади кои се заинтересирани за ова спортска дисциплина, имаа можност одблиску да се запознаат  со техниките во  овој спорт, со опремата која се користи и правилата на оваа спортска дисциплина.

Дел од учениците имаа можност и директно да се вклучат во тренажниот процес и да тренираат заедно со членовите на клубот.

Една од главните цели во реализацијата на овој проект на  КБК „Патриот спорт“ е подигање на свеста кај младата популација за придобивките од бавење со  спортски активности, во конкретниот случај со кик-боксот, како и водење на грижа за сопственото здравје, формирање и стекнување на здавствено хигиенски навики, превентива, избегнување на пороците на деншното модерно време, формирање на високо морални личности, кои спремно ќе се соочуваат со животните предизвици.

Овој проект финансиски е поддржан од Буџетот на Општина Крива Паланка, преку Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2019 година.