Промовирај се како натпреварувач – направи успех за себе и Општината

Карате клубот „Шампион“ во рамките на проектот „Промовирај се како натпреварувач – направи успех за себе и Општината“, на  05.11.2019 година во спортската сала „Партизан“ одржа заеднички тренинг со Карате клубот „Шурикен“ од Ќустендил, Република Бугарија.

Од страна на тројцата тренери од двата клуба на тренингот беа презентирани нови карате техники во спортска борба (кумите). Во вториот дел  беше одржан двомеч во спортаска борба помеѓу двата клуба во различни возрасни и тежински категории каде беа презентирани  дел од карате техниките кои натпреварувачите ќе ги користат во претстојните натпревари што следат. Исто така најмалите членови од клубот има можност одблиску да се запознаат со натпреварувачкиот дел од карате спортот кој како знаеме стана дел од големото олимпиското семејство на спортови и своето деби ќе го има на Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Од страна на двата клуба беше изразено задоволство од прикажаното ниво на презентирани  техники за време на тренингот и беше заклучено оваа соработка да продолжи и во наредниот период со вклучување и на други клубови од нашата земја и од странство.

Проектот е финансиран со  средства од Буџетот на Општина Крива Паланка, предвидени во Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2019 година.