Нови простории за извидниците

Зградата на некогашниот Вавилон центар заедно се игралиштето за кошарка ќе бидат реновирани и адаптирана за потребите на извидниците со средства обезбедени од Мировниот корпус преку програмата за поддршка на мали проекти. Средствата во висина од 4.000 долари се наменети за набавка на материјални, а сите останати активности поврзани со реновирањето ќе се извршат од извидниците, нивните родители и заедницата на волонтерска основа.

Општината ќе обезбеди тули за надворешните ѕидови со што ќе се добие сигурно место кое освен извидниците ќе можат да го користат и останатите здруженија како „Хендикеп Плус“, Здружението на пчелари, Организацијата на жени, Планинарскиот клуб „Руен“,…

Предвидено е проектот да заврши до пролетта 2012 за кога е планирана и посета на раководството на Европската унија на извидници.

Ова е втор проект за општина Крива Паланка финансиран од Мировниот корпус преку програмата за поддршка на мали проекти, а добиен со помош на волонтерот Линда Рејнолдс. На ист начин беа обезбедени средства за внатрешно реновирање на просториите на територијалната противпожарната единица.

Големина на фонт
Контраст