Паланка ќе формира студио за виолина

Општина Kрива Паланка му подари 10 виолини на Центарот за култура за формирање студио за виолина, со цел да се продолжи традицијата за образовање млади кадри, кои ќе можат да го изучуваат овој инструмент.

Вложуваме во музичкото образование, а бидејќи во општината останаа само двајца виолинисти, кои веќе се пензионери, не сакаме да замре некогашната традиција. Знаеме дека инструментот е скап и многу родители не можат да го обезбедат, така што со нашата донација ќе се оформи виолинската секција, а се надеваме дека она што од младите таленти ќе го добиеме по неколку години ќе биде многу поскапоцено – рече градоначалникот Арсенчо Алексовски.
 
Од Центарот за култура истакнуваат дека интересот за изучување на овој инструмент е голем и досега се пријавиле околу 60 ученици.

Извор:Дневник

Големина на фонт
Контраст