Градскиот оркестар „Aлегро“ со прва награда на фестивалот во Скопје

Градскиот оркестар „АЛЕГРО“ од Крива Паланка викендов се врати со освoено прво место од Меѓународниот детски креативен фестивал „Зборуваме руски“ кој се одржа во Скопје. Најмладите кривопаланчани-виртуози на музичките инструменти пред публиката во Скопје се претставија со својата изведба под диригенската палка на професорката Лариса Жулина-Митовски, во конкуренција на млади музичари од повеќе градови во земјава. Бројната публика со големо внимание ја проследи  изведбата на руската народна песна “Калинка – малинка”.

-Градскиот оркестар „Алегро“ се претстави во најдобро светло. Впрочем, затоа и работиме со учениците, затоа се трудиме наученото и сработеното да го презентираме пред публиката, која несомнено ужива во звуците од малите музички таленти од Крива Паланка  – вели професорката Жулина-Митовски.