Работна посета на Општина Дупница

Во рамките на своите редовни активности Градоначалникот Арсенчо Алексовски заедно со своите соработници беше во кратка работна посета на Општина Дупница, при што оствари средба со новоизбраното раководство, Градоначалникот Методи Чимев и претседателот на совет Иваило Константинов.

На средбата беше изразено задоволство од досегашната соработка на двете збратимени општини и повеќето успешно реализирани заеднички проекти, а беше истакната и спремноста на двете страни уште поинтензивно да се работи на тоа поле што е во интерес на двете страни.

Исто така, со задоволство беше прифатена поканата на Градоначалник Алексовски за скорешна  средба на делегации од двете страни во Крива Паланка, на која поконкретно ќе бидат разгледани и утврдени наредните активностите за продлабочување на меѓусебната соработка.