Општина Крива Паланка додели тринаесет стипендии за талентирани ученици и спортисти

Денес во кабинетот на градоначалникот Борјанчо Мицевски, беа потпишани вкупно 13 договори за стипендирање и поддршка на младите таленти -ученици средношколци и студенти од општина Крива Паланка, како и стипендии за спортисти ученици, во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови од основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од РС Македонија за 2019/2020 година.

Стипендиите се доделени врз  основа на распишаниот  Конкурс за доделување на стипендии за талентирани ученици и студенти за учебната 2019/2020 година и распишаниот Конкурс за доделување на стипендии за спортисти-ученици од основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од Р.Македонија за учебната 2019/2020 година. Стипендиите се во висина од 3.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.

Од потпишаните тринаесет договори за стипендирање, пет се доделени за стипендирање на талентирани ученици-средношколци и талентирани студенти  и  осум стипендии се доделени за  талентирани спортисти од кои, 5 стипендии се за индивидуални спортисти, а 3 стипендии за учници во екипни спортови.

Исто така општината врз основа на распишаниот Конкурс за субвенциониран превоз и согласно склучениот Меморандум за соработка со АДПТУ „Пролетер“, додели и субвенција за четири студенти кои студираат на државните универзитети во Скопје. Субвенционирањето е со два повратни месечни билети за тековната студиска година.

Градоначалникот нагласи дека Општината ги спроведува овие активности со цел да ги стимулира, мотивира и на овој начин поттикне учениците во остварувањето на поголеми успеси и резултати во локалната заедница и пошироко. Тој им посака многу успеси, здравје и среќа во  секој момент во понатамошниот живот на младите таленти од Крива Паланка.