Продолжува изградбата на спортската сала

Општина Крива Паланка и Агенцијата за млади и спорт  ги продолжуваат градежните активности околу изградбата на новата спортска сала. Во моментот се завршуваат бетонските работи од изградбата на темелните ленти. Градежните активности ќе продолжат согласно предвидената динамика и  временските услови.