Потпишан договорот за поставување на инфо-терминали

На ден 06.12.2011г. беше потпишан договорот помеѓу Општина Крива Паланка, претставувана од Градоначалникот Арсенчо Алексовскии економскиот оператор  Бинокулар Двоглед ДОО од Скопје, претставувано од Александар Наумов,  за реализацијата на проектот  „ТУРИЗАМ БЕЗ ГРАНИЦИ“  од ИПА програмата за прекугранична соработка со  Р. Бугарија.

Проектот  се имплементира во партнерство со општина Ќустендил и општина Штип и опфаќа  подготовка и поставување на два инфо- терминали во општината,  вклучувајќи и изработка  на софтвер. Системот ќе овозможи пренос на информации од снабдувачите на туристички услуги (локални власти, сопствениците на туристичката инфраструктура, тур-оператори, итн) на туристите. Инфо-терминалите ќе овозможат, 24 часа на ден, лесно пребарување на информации за туристичките знаменитости во регионот, вклучувајќи фотографии и опис.

Се предвидува инфо-терминалите да бидат поставени во близина на зградата на Општината и во комплексот на Манастирот Свети Јоаким Осоговски.

Големина на фонт
Контраст