За подобра општествена застапеност на жената Ромка

На 30 ноември во малата сала на Општина Крива Паланка се одржа работилница  во рамките на проектот „За подобра општествена засатпеност на жената Ромка“. Во дискусијата свој осврт дадоа координаторот на проектот Јорданка Шапкалиска, Дилбера Камберовска од Здружението „Даја“ од Куманово и референтот за етнички заедници во Општина Крива Паланка – Долорес Асановска.

На работилницата присуствуваа околу 30 учесници меѓу кои и претставници на локалните институции, ученици и граѓани.

 

Проектот „За подобра општествена застапеност на жената Ромка“ е во организција на Здружението на граѓани „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово со финансиска поддршка од Амбасадата на САД во Република Македонија.