Пријателски натпревар помеѓу ученици од основните училишта во Крива Паланка

Денес со почеток во 12.00 часот во училишната спортска сала на ООУ „Илинден“ се одржа втората спортска активност на пријателски натпревар во фудбал (машки)  и кошарка (женски) помеѓу  ученици од ООУ „Илинден“ и ООУ „Јоаким  Крчовски“ со што општина Крива Паланка во соработка со Агенцијата за млади и спорт го одбележаа завршниот настан на  Европската недела на спорт,  насловен со предизвикот #BeActive. 

Целта на проектот е спорт за сите возрасни категории, на сите места и во секакви услови. Крајниот ефект како што истакнаа организаторите е остварување на идеите на Европската недела на спортот – придобивките од активностите во текот на спортската недела да имаат траен ефект, односно да останат во навиките на секој поединец.