Извидничкиот одред Наум Наумовски-Борче започна со реализација на проектот „Младите во светот на извидниците“

Извидничкиот одред Наум Наумовски-Борче од Крива Паланка, ја оддржа втората работилница предвидена во првата проектна активност од проектот „МЛАДИТЕ ВО СВЕТОТ НА ИЗВИДНИЦИТЕ“,  финансиски подржан од Општина Крива Паланка.

На оваа работилница проектниот тим составен од искусни и високо професионални извидници, пред присутните ученици извршија презентација и ги претставија активностите со кои се занимава извидничката организација.

На работилницата присуствуваа 45 ученици од 5 до 9 одделение пред кои беа презентирани активности поврзани со темите за ориентација во природа, топографија, пружање на прва помош и санитетскиот материјал за укажување на прва помош на терен, како и начините за  врзување на јазли и подигање на бивак и логор.