Коле Ангеловски лауреат на Театарскиот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Истакнатиот македонски актер Коле Ангеловски е годинашен добитник на единствената награда на Mеѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, што  по единаесетти пат ќе се одржи од 1 до 8 октомври  во Крива Паланка.

Коле Ангеловски е македонски театарски и филмски актер, театарски и филмски режисер и сценарист, како и писател и раскажувач. Животниот и творечки опус на Коле Ангеловски е разновиден, динамичен и многу плоден. Ангеловски е режисер на повеќе драми, серии, документарци и филмови за македонските театарски куќи, телевизиски станици од кои најмногу за МРТВ. Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник. За својот сестран творечки опус на полето на културното живеење во Македонија, добитник е на многубројни награди меѓу кои и Наградата за Животно дело „11 Октомври”.

Наградата ќе му биде врачена со свечена пригода на 1 октомври, со почеток од 12 часот, во Салата на Совет на општина Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст