Ден на дрвото – Засади ја својата иднина

На ден 23.11.2011 (среда)  традиционално по осми пат ќе се одржи акцијата Ден на дрвото – Засадија ја својата иднина – Пишувај порака за мирот. Акцијата ќе се спроведе на две локации и тоа: населба 8 Октомври – пат за Црвена нива и локалитет Златина падина – пат кон село Дрење.

Учениците од ООУ Јоаким Крчовски ќе извршат пошумување на локалитетот Златина падина, поаѓањето е во 9.30 часот (пешки) од училишниот двор. Учениците од ООУ Илинден ќе извршат пошумување на локалитетот Црвена нива, поаѓањето е во 9.30 часот (со автобус) од пред  ЈП Македонија пат.  Учениците од СОУ Ѓорче Петров ќе извршат пошумување на локалитетот Црвена нива, поаѓањето е во 9.30 часот (пешки) од училишниот двор.

Заинтересираните граѓани можат да изберат локација на која ќе пошумуваaт.

На локациите за пошумување граѓаните ќе имат можност  со своите потписи да дадат поддршка на акцијата  Садиме денес – пишуваме и праќаме писмо на мирот!

Големина на фонт
Контраст