Панел-дискусија на тема „Спорт за сите- спорт за развој“

Вчера во Крива Паланка  се одржа панел-дискусија на тема „Спорт за сите- спорт за развој” на која присуствуваа претставници од спортскиот, невладиниот-младински сектор, од воспитно-образовните институции и Општина Крива Паланка.

Присутните се запознаа со проектот „Спорт за сите“ и локалното партнерство со Општината, која е пилот општина во државата во имплементацијата на овој регионален проект што се реализира и во Нов Белград, Србија, Фрушкосове, Косово и Фир, Албанија.