Извршена санација и тестирање на доводниот цевковод

Општина  Крива Паланка заедно со Ј.П Комуналец  успешно го заврши тестирањето  на доводниот цевковод  од село Станци до фабрика за вода во Крива Паланка во вкупна должина од 6.429 метри. Тестирањето се врши на две делници и тоа:

1.Тиролски зафат за вода во село Станци  до прекидна комора во должина од 1.182 метри на работен притисок од  8 бара.

2.Од прекидна комора до фабрика за вода во должина од 5.247метри на работен притисок од 5 бара.

Исто така  се изврши санирање на оштетениот цевковод во должина од 100 метри и  прекидната комора кои беа оштетени  со невремето што го зафати тој крај во 2009 година. Со овие активности се заокружуваат работите околу цевководот и во наредниот период се очекува негово пуштање во употреба.

Записник од извршените тестирања

Големина на фонт
Контраст