ООУ „Јоаким Крчовски“ со нови санитарни јазли

Во ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка извршена е  комплетна реконструкција на санитарни јазли со отстранување на досегашната доводна и одводна инсталација. Ова е прва ваква инвестиција по повеќе од 50 години откако е изградено училиштето.

Вградени се 27 ВЦ шољи со казанчиња, 9 писоари, 24 лавабоа вградени во водоотпорни и огноотпорни плотни, 40 ПВЦ врати исполнети со ПВЦ панел, 12 радијатори со нова мрежа за парно греење како и 900 м2 ѕидни и подни плочки.

Поставена е за прв пат хидрантска мрежа на секој спрат, која иако е задолжителна, досега не беше поставена.

Висината на инвестицијата е 4.149.677 денари, а  реализацијата на овие градежни зафати е во согласност со програмата за оддржување на училишните објекти со средства обезбедени од Министерството за образование.

Општина Крива Паланка работи на подобрување на безбедноста на училиштата и на условите за претстој на учениците и вработените во овие институции, a наредната планирана активност за ова училиште е целосна реконструкција на фасадата со поставување на термо изолација за енергетска ефикасност на објектот.

Големина на фонт
Контраст