Компјутери за учениците со посебни потреби

ООУ Илинден е едно од 20 основни училишта во Р.Македонија кои имаат добиено 10 компјутери за учениците со посебни образовни потреби.За таа цел во периодот од 14-16.11.2011 година се спроведува обука на наставниците, претставници од советот на родители и претставник од Општина Крива Паланка.

Обуката се спроведува за училишна група на деца каде главно се работи со програми за обработка на текст, презентации и илустрации. Целта е да се подржи образовниот процес преку развивање компјутерски, социјални и комуникациски вештини.

Aктивноста се спроведува преку проектот „Eднаков пристап за еднакви можности“-Програма на УСАИД за е-пристапни основни училишта, имплементиран од здружението на граѓани за поддршка и промоција  на пристапна информатичка технологија за лица со хендикеп, Отворете ги прозорците.

 

 

Големина на фонт
Контраст