Успешен настап на КК„Шампион“ на Изборниот турнир во Скопје

Во рамките  на официјалниот календар на натпревари на Карате Федерацијата на Македонија за 2019 година и Светската Карате Федерација, Карате клубот Шампион од Крива Паланка  на 31.08.2019 година во спортската сала Крсте Петков Мисирков во Скопје во населба Ченто настапи на Изборниот турнир за кадети, јуниори и јунуиори до 21 година со двајца свои натпреварувачи.

Натпреварот беше критериумски за избор на државната репрезентација  која треба да настапи на Светското првенство за  кадети, јуниори и јунуиори до 21 година кое треба да се одржи во Сантијаго, Чиле од 23-27 октомври оваа година. Во категорија  кадетки  до 54 килограми  Јована Мицовска  со извојувани 3 победи  го освои првото место  на овој натпревар.  Вредно е да се спомне дека на патот до првото место во финалето  беше победен и актуелниот државен првак во оваа категорија со што Јована Мицовска докажа дека е најквалитетна натпреварувачка  во оваа категорија. Забележителен добар настап имаше и втората наша натпреварувачка Горана Симонова, но за жал не успеа да освои медал на овој изборен турнир.

Со оглед дека сме на почеток на вториот дел од натпреварувачката 2019 година и дека  во текот на летниот период нашите натпреварувачи не  одмараа туку вредно  ја темпираа својата форма, очекуваме добар настап и од другите наши натпреварувачи на престојните натпревари .