Влатко Стефановски на „Џојфест“ во Крива Паланка

Неколкуилјадната публика од повеќе македонски градови и градови од соседна Бугарија во сабота на градскиот плоштад во Крива Паланка уживаше во осмото издание на музичкиот фестивал „Џојфест”. На сцената настапија бендовите „Ки”, „The three of us”, „Флека”, „Сајгон”, Тони Зен , чии настапи беа увертира во настапот на главната музичка ѕвезда, виртуозниот вонсериски гитарист, Влатко Стефановски.

Стефановски кој настапи со „Влатко Стефановски трио”, во кое членуваат уште и неговиот син Јан Стефановски, на тапани и Иван Кукиќ на бас-гитара, ја воодушевии публиката од различни генерации, која имаше несекојдневна можност да го слушне вонвременскиот гитарист.

Влатко Стефановски, пред својот настап на овогодинешното издание на ,,Џојфест“ во Крива Паланка, оствари средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Во рамки на посетата на Крива Паланка тој оддржаа и мастер клас по гитара за педесетина кривопланчани, претежно млади луѓе, вљубеници во оваа музика.

Фестивалот го организира Општина Крива Паланка, со организациски одбор на „Џојфест”, институциите од културата во градот со поддршка од Министерство за кулутра.