15. Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски 2019“

Со свечено дефиле низ улиците на градот и презентација на традиционалните носии од државите што ги претставуваат играорците, во Крива Паланка започна 15. Меѓународен  фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски”.

Мило ми е што денеска сме сите заедно, а вашето присуство го збогатува ова фестивалско издание. Велат, вредите толку колку што пријатели имате, вашето присуство го збогатува ова фестивалско издание, а овој колорит од знамиња говори дека имаме многу пријатели кои не почитуваат и заслужуваат почит. Сите ние заедно го зголемуваме пријателството, ги зближуваме уште повеќе нашите народи и традиции преку оро, игра и песна, затоа што тоа е инспирација за животот на идните генерации, истакна градоначалникот Борјанчо Мицевски на свеченото отворање на  фестивалот.

На овогодинешното фестивалско издание настапуваат ансамбли од Турција, Кипар, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Белгија и РС Македонија.

Фестивалот е во организација на Општина Крива Паланка и НУ Центар за култура, со поддршка од Министерството за култура.

Прва фестивалска вечер

Втора фестивалска вечер

Трета фестивалска вечер

 

 

Големина на фонт
Контраст