Опремување на локација за спорт за развој во домот за ученици „Боро Менков“

Здружението за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ,  со локалните  партнери „Спорот за развој” и во соработка со Општина Крива Паланка, денес ја реализираше активноста за разубавување и опремување на урбана локација за спорт за развој во домот за ученици „Боро Менков“.

Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ е донатор на овие активности, преку кои  ТАКТ и локалното партнерство од општина Крива Паланка тековно реализираат повеќе активности во општината.

Во рамки на проектот „Спорт за социјално вклучување во заедницата“ предвидени се повеќе активности во општината, а кои се во насока на заедничка работа во областа на развој на спортот и потребните активности од програмата „Спорот за развој”.

Конкретно денес се реализираше заедничка активност за опремување со спортски реквизити, како и разубавување на внатрешноста на фитнес салата и занималната во домот за ученици „Боро Менков“, кои се на располагање на сите партнери во мрежата, за сите тековни и идни активности.

 

 

Големина на фонт
Контраст